“Chocolate chip cookies“ со 2 чоколади

Десерти

Понеделник, нова недела, нова учебна година… нема ништо подобро од пресни колачиња кои се топат во уста за енергија. За оние кои многу го сакаат, со дупла доза чоколадо!

Versión española aquí

2013-09-08 09.02.34

Состојќи:

185g брашно

90g какао

345g кафеав шеќер (ако употребувате бел, нека биде помалку бидејќи е многу по благ)

180g путер

150g темно чоколадо

сол

3 јајца

175g чоколадни капки од црно чоколадо + 90g од бело чоколадо *

*Капките можи да се заменат со чоколадо од табла исечено на парченца, како што направив јас. Исто така, наредниот пат ќе ги заменам дозите и ќе ставам повеќе бело чоколадо а помалку црно. 

2013-09-07 21.22.45

Пред сé, ја уклучуваме рерната да се загрева на 180ºC бидејќи колачињата се подготвуваат многу брзо.

Во едно тенџерче го топиме чоколадото со путерот и шеќерот. Во сад го просејуваме брачното и какаото а настрана ги матиме јајцата со прстофат сол.

2013-09-07 21.37.53

Кога ќе се стопи чоколадото го додаваме на матените јајца и целата смеса ја додабаме на брашното.  Мешаме убаво. На почетокот смесата е прилично течна, но не грижете се, како се подоладува, се згуснува. На крај ги додаваме капките чоколадо (парченца, во мојот случај) и повторно мешаме.

2013-09-07 21.50.33

 Со супена лажица клаваме купчиња од смесата на намрсен плех (јас користев силиконска подлога, а можи да се постели и мрсна хартија) и со наводенети прсти ги сплескуваме за да добијат форма на колаче. Излегуваат два плеха со по 12 колачиња. Се печат 12 минути на 180ºC*, оставаме да се оладат 5 минути на плехот и потоа можи да се соберат во сад (или директно на маса со едно кафенце 🙂 )

*Доколку сакате да се помали, намалете го времето на печење!

2013-09-08 09.04.46

Advertisements

One thought on ““Chocolate chip cookies“ со 2 чоколади

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s