Кога Готви Карлес

Главни јадења

Пилешко со кари и басмати ориз

едно од неговите специјални јадења

versión española aquí

2013-07-03 12.54.38Состојќи:

за оризот:

1 морков

2 чешниња лук без ‘ркулецот

2 лажици маслиново масло

1 чаша басмати ориз

сол, канела

за пилешкото со кари:

2 карабатаци без коска и исечени на залаци

1 голем кромид

1 конзерва (400 ml) кокосово млеко за готвење

една рака суво грозје

една рака бадеми (печени или пржени)

сол, бибер, кари

масло

Прво се подготвува оризот:

2013-07-02 20.37.31

Се запржуваат морковот и лукот со маслиново масло на тивко околу 5 минути. Се додава оризот и се пржи уште неколку минути. Кога зрната се прозирни се додава вода (3 чаши за секоја чаша ориз), сол и малку канела (цимет) и се остава да вари. Кога ќе се свари, се цеди и се остава да испари малку во самата цедилка.

2013-07-02 21.07.21

Во меѓѕвреме го подготвуваме месото. Се посолува и се посипува со бибер и се запржува малку од сите страни, па кога ќе ја смени бојата се ваде и се остава на страна. Во истото масло на тивко се запржува ситно исечканиот кромид со малку сол. Кога е речиси прозирен, се додава сувото грозје и кршените бадеми.

2013-07-02 21.17.20a

Неколку минути потоа, се додава кокосовото млеко, се враќа пилешкото и се додава кари по вкус (ние додаваме многу 🙂 ) Се остава на средна температура да се згусни сосот и да се зготви пилешкото.

2013-07-03 12.53.17

 Се сервира заедно оризот и сосот, топло, млако или ладно… не е воопшто битно! Во секој случај е многу вкусно!

Advertisements

One thought on “Кога Готви Карлес

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s