Сад од лубеница – Ајкула

Uncategorized

Одвај чекав да стигни летото да можам да си играм со бостан 🙂 И конечно ми се исполни желбата!

Ви давам една идеа за како да изработите сад од лубеница за деца и за оние кои се чувствуваат така 🙂

Versión española aquí

2013-07-05 15.18.21

Состојќи:

1 лубеница:)

Ви препорачувам да одберите некоја долгнавеста! Мојата беше тркалезна, но ќе ви изгледа многу подобро ако е подолга!

2013-07-05 14.02.40

Првиот чекор е да одсечите едно тркало од задната страна, под точката. Тоа ќе биди основата на која ќе ја поставиме лубеницата за да не се мрда. После одсекуваме една фелка: една страна речиси хоризонтална и втората веднаш над рачката на лубеницата. Тоа ќе биди устата на ајкулата.

На страната, со едно ноже го исцртуваме окото на ајкулата. Еден мал полукруг од темна кора во друг поголем бел од кој сме ја изгребале зелената темна кора. Тоа може да се направи со гребење со ножот. Зелената кора е многу танка и веднаш ќе се појави зеленикавиот бел дел.

2013-07-05 14.15.14

Со помош на ноже и лажица почнуваме да ја длабиме внатрешноста. Јас (сега незнам зошто?!?) и направив јазик на ајкулата а всушност тие немаат јазик (и ќе си заштедев многу време!). Вие можете да издлабите се, така ќе ви остане поголем простор за полнење подоцна.

За вилицата, излупете со ножот една лента од 7 цм на двата раба на устата за да се открие белиот дел. Потоа сечете цик-цак триаголници за да ви останат оштри триаголни заби.

2013-07-05 15.12.19

На задниот дел одсечете една долга правоаголна дупка. Од фелката што ја отсековме за устата, одделете еден траголен дел од кората и вметнете ја едната страна во дупката. Тоа ќе биде перката на ајкулата.

2013-07-05 15.18.50

И готово! ја полниме устата со месото од лубеницата, со друго овошје, со бомбони од чоколадо, гумени бомбони… Се што сакате! Возрасните, искористете ја изладената ајкула како сад за бунарче, шприцер или сангриа!

1 thoughts on “Сад од лубеница – Ајкула

Напишете коментар